Жена од Нов Зеланд, дури 300 километри возела спиејќи на воланот, додека од мобилниот праќала смс пораки.
Полицијата примила повик од личност која била загрижена, бидејќи жената го земала возилото, а страдала од проблеми со спиење.
Потоа, пратила патроли, кои ја следеле со помош на нејзиниот мобилен. Податоците покажале дека возела 300 километри, а по петчасовно возење, ја пронашле како спие на воланот. Не се сеќавала каде и како возела.