Воздушна опасност низ Украина

Од:

Воздушна опасност е прогласена на целата територија на Украина, покажуваат податоците на онлајн мапата на украинското Министерство за дигитална трансформација.

Ова е втор пат од синоќа на целата територија на Украина да се огласуваат сирени за воздушен напад.

Набргу потоа почнаа да пристигнуваат вести за експлозии на целата територија на Украина. Како што пренесуваат медиумите, детонациите одекнале во регионот Лавов на западот на земјата.

Експлозии се слушнаа и во Ровно, поради што половина град остана без струја. Експлозии одекнаа и во регионот на Ивано-Франковск, но засега не се знае кои биле метите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната