Возачите ќе треба да платат по околу 31 илјади евра по возило доколку сакаат да добијат дозвола за движење во Сингапур. Оваа мерка се воведува во борбата против сообраќајниот метеж за ограниување на бројот на автомобили кои се движат низ градот.
Цената за просечно семејно возило за дозволата за движење ќе биде околу 31 илјади евра, но таа ќе расте во зависност од автомобилот.
Како дел од борбата против сообраќајниот метеж владата ќе инвестира над 18 милијарди евра за модернизација на јавниот превоз и воведуваат служба за позајмување на електрично возило во сопственост на градот по принципот на делење на возилото.