Вотергејт во германската тајна служба

Од:

Дојче веле – Бон

Германската тајна служба БНД има проблеми со имиџот веќе подолго време, поради својата улога во аферата НСА. А сега се појави уште една причина на која човек може да се насмее. Но таа и загрижува, смета коментатор на Дојче веле.

Германската тајна служба ја заслужи критиката. Вотергејт во новото седиште на БНД – ја наслови својата колумна берлинскиот весник Дер Тагешпигел. Таа игра на зборови има позадина која на прв поглед може да предизвика смеа: џиновската зграда на идното седиште на БНД сред Берлин ја поплави непознат чинител. Како што се дознава, од повеќе спрата се украдени славините. Тоа може и да се претрпи со оглед дека арматурата не била баш од злато. Но, наспроти тоа штетата се проценува во милиони. Водата која слободно протече се проби низ ѕидовите и најде свој пат до електричните водови и безбедносната техника. На тоа треба да се додаде и новиот удар за имиџот на оваа институција.

Огромните трошоци за изградба на нова централа на парцела од 100.000 квадратни метри, кои и така веќе излегоа од контрола сега уште еднаш ќе се зголемат. Во почетокот се зборуваше дека тие ќе изнесуваат околу 730 милиони евра, сега се зборува за над милијарда евра. Значи може да се каже дека водата прелила и пред да бидат украдени славините. Но, БНД изгледа како покисната кокошка и од други причини. Лаиците и експертите со право се прашуваат: како е можно да се случи нешто такво на наводно најдобро чуваната зграда во земјата?!

Речиси безвреден плен

Пред четири години исчезнаа тајни логистички и технички планови за изградбата на новото седиште. Одговорните никогаш не се откриени, а така би можело да биде и овој пат. Човек не мора да биде теоретичар на заговори, ако вината или виновниците ги бара во кругот на тие на кои им бил дозволен пристап. И покрај стотици камери, чувари и заштитници неприметно исчезнала санитарната опрема која за ситни пари може да се купи во секоја продавница за санитарии?! На црниот пазар тој смешен плен не вреди ништо и секако не бил вреден за целиот ризик.

Одговорните затоа се соочени со критички прашања. Што зборува берлинскиот Вотергејт за целокупната состојба во службата? Во нејзините задачи спаѓа грижата за безбедноста на Сојузна Република Германија и нејзините граѓани, било да се работи за апстрактни или конкретни закани. Но колку доверба може да се има во тајната служба која ни во сопствената куќа не може да се грижи за безбедноста? Таму каде нема славини, можеби постојат невидливи работи. Кој уште може да ја исклучи можноста дека на целиот терен веќе одамна не постојат бубачки? Тие за прислушкување.

НСА и ГЦХК веќе подолго време се лути на БНД

Срамот кој ја задеси БНД во седиштето на партнерските американски и британски служби веројатно предизвика мешавина на злоба и загриженост. НСА и ГЦХК веќе долго време ги иритира односот на Германците. Од пред една година БНД е предмет на истрага на една парламентарна комисија. Притоа се работи за прашањето дали германската тајна служба ги прекршила важечките закони кога собирала информации и ги проследувала до западните партнери.
Љубопитноста на независните парламентарни тела не е по волја на англосаксонските служби.

Иако БНД и сојузната влада постојано скратуваат на истражната комисија важни информации, таа сепак по малку внесува светлина во темницата. НСА и ГЦХК со својата логија на работата на тајната служба на БНД се повеќе гледаат како на безбедносен ризик. Фактот дека германските колеги својот недовршен безбедносен тракт во центарот на владиниот кварт не се во состојба да го заштитат од провалници, може дополнително да ја зголеми скепсата на критичарите на БНД.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија