ВоТајланд недостасуваат лекари и лекови

Од:

Претседателката на невладината организација за зачувување на здравјето во Тајланд Супатра Накапев од властите побара поголема грижа за здравјето на луѓето и значајни измени во здравствениот систем на Тајланд. Супатра Накапев ова го побара на форумот што го организираше Националниот Совет за ред и мир, што е цивилното име на воената хунта. Таа извести дека во Тајланд нема доволно лекари, а лекарствата се значајно поскапи во однос на нивните цени во другите соседни држави.

Цените на лековите во Тајланд се високи и поради тоа што болниците и другите здравствени установи, според сегашните прописи, мора директно да ги купуваат од производителите. Таа особено укажа на скапите лекови што се употребуваат во лечење на најмладите.

Претставникот на воената хунта на овој форум вети дека преодната влада сериозно ќе ги разгледа проблемите и дека државата ќе учествува во зголемувањето на бројот на креветите и во јавните и во приватните болници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач