Вооружени напаѓачи упаднаа во зграда на авганистанската државна телевизија

Од:

Група вооружани напаѓачи денеска упаднаа во зградата на авганистанската државна телевизија РТА во градот Џалалабаду во источниот дел на земјата.

Како што соопшти портпаролот на провинцискиот гувернер Атаулај Хугхјани, при инцидентот напаѓачите се судриле со припадници на обезбедувањето на зградата.

Според Хугхјани, во зградата на РТА упаднале тројца напаѓачи, при што двајца од нив загинале, додека третиот е во бегство.

Западни медиуми јавија дека двајцата загинати напаѓачи се саморазнеле активирајќи ги експлозивите што ги носеле на себе.

Снимател на РТА изјави дека успаел да побегне од зградата кога слушнал истрели, но дека негови колеги останеле заробени во зградата.

Засега никој не ја презеде одговорноста за овој напад во провинцијата Нангархар, каде се активни борците на групата Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан