Вооружени напаѓачи киднапираа четири лица на Филипините

Од:

Вооружена група луѓе од еден туристички центар во јужниот дел на Филипините киднапирале двајца Канаѓани, еден Норвежанец и една Филипинка.

Во соопштението на воените власти се вели дека грабнувањето се случило во понеделникот околу полноќ во познатото одморалиште „Холидеј Оушнвју“ на малиот остров Самаи, недалеку од брегот на Минданао.

Властите се уште не го знаат идентитетот на грабнувачите, кои побегнале со чамец, но веруваат дека не станува за киднапирање поради откуп, туку дека четворицата грабнати биле цел на напаѓачите.

Од почетокот на 90-те години на 20-от век, реонот на јужните Филипини се соочуваше со повремени инциденти со киднапирања, што ги извршуваа разни муслимански групи кои подоцна бараа откупнина за да ги ослободат грабнатите, главно странски туристи.

Филипинските власти соопштија дека грабнатиот Норвежанец бил менаџер на одморалиштето, додека Филипинката била партнерка на еден од двајцата Канаѓани.

Двајца јапонски туристи кои се нашле на местото во моментот додека напаѓачите ги грабнале четворицита киднапирани, се обиделе да го спречат грабнувањето.

Војската воведе поморска блокада околу островот Самаи, во обид да спречи киднаперите да избегаат на некои од подлечните острови, кои важат за упоришта на муслиманските групи.

Островот Самаи последниве години важи за безбедно место, затоа што последниот ваков инцидент се случи во 2001 година, кога исламистичката група Абу Сајеф грабнуваше туристи и ги држеше по кампови на разни одалечени острови.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски