Вооружени мажи упаднаа рано изутринава на колеџ во Гарис во источна Кенија.
Од зградата на колеџот, кој го опкружија припадниците на полицијата и војската можат да се слушнат пукотници и експлозии.
Засега нема информации за евентуални жртви, ниту за повредени. Одговорноста за нападот досега никој не ја презел.
Сомалиската исламистичка група Ал Шабаб претходно организираше повеќе напади во Гарис и ширум Кенија, вклучувајќи и напад врз престолнината Најроби во 2013 година.
Тие ги организираа нападите како одмазда поради тоа што Кенија испраќала свои војници во соседна Сомалија.