Вооружени луѓе отворија оган во Либан на ресторан за брза храна на американскиот ланец Кентакт фрајд чикен (КФЦ) неколку дена по демонстрациите против антиисламскиот филм, направен во САД, за време на кои пак беше запален друг ресторан КФЦ.
Нападнат е ресторан во градот Набатијеху, во јужен Либан, кој во моментот на пукањето сеуште не бил отворен така што и немало жртви.
Аматерскиот нискобуџетен филм за кој се верува дека го снимала група американски христијански екстремисти предизвика низа протести на муслиманите ширум светот.
Филмот го исмева исламот и го прокажува пророкот Мухамед како насилна и неморална личност, и го поврзува со темите како хомосексуалност и педофилија.