Вооружен напаѓач убил седум членови на едно семејство, вклучувајќи жени и деца, во источната авганистанска провинција Хост, потврди денеска локалната полиција.
Нападот се случил доцна синоќа во куќата на жртвите во областа Мандозаи, позната и како Исмаил Кел. Во нападот е ранет уште еден член на семејството.
– Го идентификувавме напаѓачот и тој наскоро ќе биде уапсен, изјави за ДПА портпаролот на провинциската полиција Адел Хајдар.
Без да даде повеќе детали, полицијата соопшти дека мотивот за овој инцидент е „правно прашање“ и напаѓачот веројатно е роднина на жртвите.