Вооружен напад во луксузен трговски центар во Најроби

Од:

Луксузен трговски центар во кенискиот главен град Најроби денеска бил нападнат, откако внатре влегле неколку вооружени мажи, соопшти полицијата.

Полициските сили пристигнале половина час по нападот и го опколиле трговскиот центар „Вестгејт мол“, кој најчесто е посетуван од богатите Кенијци и странски туристи.

Засега нема информации од полицијата за жртви во инцидентот, меѓутоа некои западни медиуми тврдат дека виделе пет тела на убиени.

Според началникот на полицијата во Најроби, Бенсон Кибуе, напаѓачите се обиделе да извршат кражба во една од продавниците.

Очевидци тврдат дека тие фрлале бомби и пукале од автомати „калашников“.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“