Вооружен маж држи повеќе заложници во германскиот град Инголштат

Од:

Еден непознат човек, држи „повеќе лица“ за заложници во зградата на општината во германскиот град Инголштат, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил денеска, околу девет часот, непосредно пред во ова место да пристигне германскиот канцелар Ангела Меркел.

Германската полиција тврди дека веќе воспоставила комуникација со киднаперот, но дека засега не ги знае мотивите за киднапирањето на луѓето. Не се знае ниту дали станува збор за вработени во општинската зграда, или за жители на ова место кои се нашле случајно во зградата.

1rizzC.Xl.55

Зградата на општината е под целосна полициска блокада. Претставник на баварската полиција изјави дека нема сознанија дека инцидентот е поврзан со посетата на Меркел на Инголштат, во рамките на нејзината предизборна кампања, за изборите што ќе се одржат на 22 септември.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија