Вонредната состојба прогласена во Мали на 12 јануари, два дена по почетокот на француската воена операција против исламистите во северниот дел на земјата, е продолженa за три месеци, се наведува во соопштение на Владата.
Одлуката на кабинетот е донесена на вчерашната вонредна седница, одржана во момент додека француските и малиските војници водат жестоки борби со исламистичките буновници во Диабалу и Дуенца, два града во централниот дел на западноафриканската земја.
Властите на Мали продолжувањето на вонредната состојба го објаснуваат со продолжувањето на воените операции и потребата од одржување мирна социјална клима во целата земја. Протестите и сите настани што може да го нарушат социјалниот ред се забранети.