Вонредна состојба во Сан Франциско поради зголемен број случаи мајмунски сипаници

Од:

Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради зголемувањето на случаите на мајмунски сипаници и недостигот вакцини.

Мерката им овозможува на локалните власти да мобилизираат дополнителни ресурси и персонал за борба против болеста и да го забрзаат разработувањето планови за вонредни активности.

Досега во калифорнискиот град се регистрирани 261 случај мајмунски сипаници, додека околу 4.600 се регистрирани низ САД, ги пренесува „Гардијан“ податоците на Институтот за јавно здравје во Сан Франциско.

Од вкупниот број случаи мајмунски сипаници во Калифорнија, 30 отсто се во Сан Франциско, изјави Сузан Филип, претставник на локалните здравствени власти.

Светската здравствена организација неодамна ги прогласи мајмунските сипаници за вонредна глобална здравствена ситуација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО објави нов термин за мајмунски сипаници

А1он

Британски истражувачи: Мајмунските сипаници можат да се шират и пред симптомите

Истражувачи од Кина развија брзи тестови за вирусот на мајмунски сипаници

А1он

Прв смртен случај поврзан со мајмунски сипаници во Лос Анџелес

А1он

СЗО: Забавува епидемијата на мајмунски сипаници во Европа

Ана Ололовска

Италијанец позитивен на мајмунски сипаници, Ковид-19 и ХИВ

Ана Ололовска