Вонредна состојба е прогласена во Чиле откако мраз предизвика штета од околумилијарда долари врз овоштарници, а можно е да биде загрозено и производството на вино.
Загрозениот регион во централниот дел од Чиле е главен производител на вино и овошје. Според податоци на Владата, Чиле од извоз на овошје во 2012 година имале заработка од околу 4,3 милијарди долари, а од вино – 1,8 милијарди долари.
– Овој мраз остави најтешки последици за земјоделието во изминатите 84 години и влијае врз областите од Кокимбо до Био Биа, се вели во соопштение на Здружението на фармери.
Според прелиминарни проценки, штетите во крајот на септември се милијарда долари.