Вонредна состојба во Амазон поради нафта

Од:

Власта во Перу прогласи вонредна состојба, поради загадување на природата од потрагата по нафта, во дел од џунглата во Амазонија, за што го обвини најголемиот произведувач на нафта и земјен гас „Плуспетрол“.

Министерот за животна средина Мануел Пулгар Видал, смета дека аргентинската компанија „Плуспетрол“ не ги исчистила доволно нафтените дамки во областа на реката Пастас, на границата со Еквадор, поради што дошло до загадување на дел од џунглата.

Домородското население со години се жали на загадувањето и на неуспехот владата да се соочи со проблемот.

Официјални лица од власта изјавија дека компанијата која што работи таму од 2001 година, ќе биде задолжена да ја исчисти загадената џунгла.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста