Владата на Малдивите прогласи вонредна состојба како резултат на политичката криза во земјата. Кризата изби кога претседателот Јамин Абдул Гајум не ја почитува судската наредба за ослободување на лидерот на опозицијата, Мохамед Нашид.
Имено, Врховниот суд на Малдивите минатата недела нареди ослободување на опозицискиот лидер, што наиде на отпор од страна на претседателот Гујам. Кризата се префрли на улиците, каде што избија насилни протести, а полицијата употреби солзавец врз демонстрантите, кои се обидоа да влезат во зградата на парламентот.
Министерката за правда, Азима Шакур, посочи дека не верува оти може да се примени одлуката на Врховниот суд.