Вонредна состојба на Галапагос поради насукан брод со дизел гориво

Од:

Еквадорските власти прогласија вонредна состојба во реонот на архипелагот Галапагос, во Тихиот Океан, откако еден товарен брод, натоварен со 70 илјади литри дизел гориво, се насука на подводните карпи, околу островите.

Излевањето на горивото, како и на моторното масло од насуканиот брод, претставуваат сериозна закана за чувствителниот еколошки систем на Галапагос.

Бродот и припаѓа на еквадорската трговска морнарица, а инцидентот се случил минатиот петок. Бродот удрил во подводните карпи на брегот од островот Сан Кристобал и останал блокиран.

Во меѓувреме, екипите за спасување успеале да го извлечат од подводните карпи на кои се насукал, но се стравува дека бродското масло би можело да се излее и да предизвика штета на природната околина.

Властите настојуваат да го одвлечат бродот што е можно подалеку од реонот на архипелагот, пред да случи потежок инцидент.

Галапагос е локација со уникални животински врсти,како што се џиновската желка,морските игуани, или посебниот вид корморани кои живеат само на овие острови.

Во 1978 година, оваа група острови од архипелагот Галапагос, се прогласени за светско културно наследство на УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Во амбасада на Мексико е уапсен поранешниот потпретседател на Еквадор, Хорхе Глас

Русија би можела да остане без банани

А1он

Политичарка во Еквадор ликвидирана сред бел ден

Горан Наумовски

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

ВИДЕО: Брутални снимки од Еквадор, бандите мачат заробени полицајци и војници

Затворениците во Еквадор ослободија 11 вработени во затворот кои беа земени како заложници