Вонредна состојба меѓу канадските Индијанци по 11 обиди за самоубиство во еден ден

Од:

Во заедницата на староседелците Индијанци во северна Канада е прогласена вонредна состојба, откако само во еден ден биле регистрирани 11 обиди за самоубиство, јавуваат канадските медиуми.

Меѓу припадниците на народот Атавапискат во државата Онтарио биле регистрирани 28 обиди за самоубиство во текот на претходниот месец и дури 100 случаи на обид за одземање на животот од септември 2015 година.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави за канадските медиуми дека овој случај не може никого да остави рамнодушен, но пратеникот од областа каде главно живее ова индијанска заедница ја обвини Владата во Отава за „незаинитересираност за да им помогне на овие луѓе“.

Пратеникот Чарли Ангус изјави дека проблемот со оваа заедница е во „системската криза“ на која се изложени луѓето од народот Атавапискат.

Во Канада се регистрирани 1,4 милион припадници на заедниците на домородците кои живет во услови на голема сиромаштија. Нивниот животен век е исто така далеку под канадскиот просек.

Поглаварот на народот Атавапискат, Брус Шишеш изјави дека обидот на 11 луѓе од оваа заедница во саботата да се самоубијат, го натерало да прогласи вонредна состојба.

Гуверенерот на заедницата одлучил итно да се испрати специјана едница за справување во вонредни ситуации, додека канадската Федерална агенција за здравство испрати експерти за ментално здравје.

Во западната држава Манитоба минатиот месец една друга заедница на канадски домородци побара федерална помош, откако кај овие луѓе биле регистрирани шест самоубиства за два месеци и 140 обиди за одземање на сопствениот живот во изминатите два месеци.

Би можело да ве интересира

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во Канада: Тројца мртви, двајца во критична состојба