Вонреден самит на земјите од Западна Африка заради кризата во Мали

Од:

Лидерите на регионалната Економска заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) синоќа се собраа во Гана на вонреден самит заради Мали, бидејќи последната политичка криза во оваа земја ја загрозува нејзината стабилност.

Самитот го отвори претседателката на Гана, Нана Акуфо-Адо, која рече дека ЕКОВАС „мора да остане решен да го поддржува народот во Мали на патот кон изнаоѓање мирно решение и враќање на демократијата и стабилноста во земјата“.

Уставниот суд на Мали во петокот го назначи полковник Асими Гоита за шеф на владата, неколку дена откако тој ја презеде власта со воен удар, принудувајќи ги привремениот претседател и премиерот да си поднесат оставки.

Двајцата, кои во понеделникот беа уапсени од армијата, на највисоките државни позиции беа назначени по воениот удар од август 2020 година, предводен исто така од Гоита, против поранешниот претседател на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита.

Тогаш беше формирана преодна влада, со Гоита како заменик претседател на државата, а изборите беа договорени за февруари и март 2022 година.

По преземањето на власта минатата недела, Гоита изјави дека изборите ќе се одржат според планот, но засега е нејасно каква улога ќе има армијата во владата.

Би можело да ве интересира

Во автобуска несреќа на југот од Мали погина 41 лице

Катерина Павлова-Николовска

Германија се сомнева дека Ал Каеда стои зад самоубиствениот бомбашки напад во Мали

Ана Ололовска

Петнаесет германски мировници ранети во Африка, бомбаш-самоубиец се разнел покрај нив

Жарко Настоски

Франција ги прекинува заедничките воени операции со малиските сили

Ана Ололовска

Макрон се закани дека ќе ги повлече француските војници од Мали

Ана Ололовска

Макрон: Ќе ги повлечеме војниците од Мали во случај на исламска радикализација

Ана Ололовска