Волф: Турција со години ја поттикнува исламизацијата на некогаш секуларните Бошњаци

Од:

Пратеникот на Бундестагот, Александар Волф, денес во германскиот парламент изјави дека квалификацијата на настаните во Сребреница како „геноцид“ е политичка, а не научна одлука што дополнително ја дестабилизира веќе кревката Босна и Херцеговина.

Во своето обраќање пред Бундестагот, Волф рече дека за да се разберат настаните во Сребреница, потребно е да се разгледа поширокиот историски контекст, кој, како што наведе, често се занемарува во германските медиуми.

Тој потсети дека за време на војната, Сребреница била муслиманска енклава опкружена со српски сили, од која биле извршени вооружени напади врз околните српски села, а особено го истакна нападот врз српското село Кравица за време на православниот Божиќ, кога, според него, биле убиени бројни цивили, вклучувајќи жени и деца.

„Ова не ја намалува тежината на злосторствата во Сребреница, но без да се споменат претходните злосторства против Србите, сликата останува нецелосна“, рече Волф, нагласувајќи дека масакрот во Сребреница е ужасен злостор што заслужува да се памети.

Тој ја критикуваше улогата на тогашниот муслимански лидер Алија Изетбеговиќ, кој, како што тврди, се спротивставил на евакуацијата на цивилите од пренаселената Сребреница и на тој начин ги користел како политичка алатка.

Волф, исто така, ја доведе во прашање улогата на ОН и начинот на кој Генералното собрание донело одлука за квалификација на злосторствата како „геноцид“.

Тој нагласи дека ова е направено спротивно на претходната практика на донесување такви одлуки исклучиво во Советот за безбедност, и дека земји како Израел, Грција, Унгарија и Аргентина одбиле да ја поддржат резолуцијата.

„Не е соодветно Германија да наметнува резолуции кои се аплаудираат исклучиво во муслиманскиот свет“, рече Волф, еден од водечките германски експерти за уставно право, поранешен претседател на парламентарната група на АфД во парламентот во Хамбург, а од оваа година член на Бундестагот и член на Комисијата за надворешни работи, каде што е одговорен и за балканските прашања.

Тој нагласи дека наметнатата „култура на сеќавање“ не придонесува за помирување, туку дополнително ги продлабочува поделбите меѓу народите на Босна и Херцеговина, при што ЕУ и ОН, како што рече, станаа инструмент на надворешната политика на Турција.

„Турција со години ја поттикнува исламизацијата на некогаш секуларните Бошњаци, а оваа агенда сега се рефлектира во образованието, медиумите и јавната сфера“, рече Волф.

Тој повика на рационален пристап и нагласи дека е во интерес на Германија и Европа БиХ да остане стабилна и да не стане инструмент на исламско влијание на Балканот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на загинати и повредени во железничката несреќа во Германија

Горан Наумовски

Железничка трагедија во Германија: Најмалку тројца мртви, десетици повредени

Неколку лица загинаа, а најмалку тројца се повредени во железничка несреќа во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Железничка несреќа во Германија, има голем број загинати и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невреме во Германија: Загина 11-годишно дете, поплавени се подруми, патиштата се затворени

Мерц му порача на Израел: Дозволете хуманитарната помош да стигне до луѓето