Вoленс: Стапката на смртност во Велика Британија ќе расте уште оваа недела

Од:

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Велика Британија најверојатно ќе продолжи да се зголемува оваа недела, по што ќе се стабилизира во текот на следните две до три недели, изјави главниот научен соработник на британската Влада Патрик Воленс.

Тој на дневна прес-конференција на британската Влада за коронавирусот изјави дека Велика Британија, кога станува збор за смртноста од Ковид-19 „оди по сличен пат“ како и Италија, земја со најголем број смртни случаи во Европа.

Воленс прецизираше дека бројот на жртвите ќе расте оваа недела, „за подоцна да се видат позитивните ефекти од мерките за социјално дистанцирање во форма на приближно слични дневни бројки“.

Во Велика Британија, според најновите податоци, од коронавирусот досега починале 11.329 луѓе.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца