Воените сили на Камерун и Нигерија ослободија неколку стотини заложници на исламското движење Боко харам, меѓу кои и девојчиња, кои биле обучувани за камикази, јави БТА.
Воените сили на двете земји убиле околу сто исламистички борци, ослободувајќи го граничниот нигериски град Кумше.
Боко харам почна офанзива пред шест месеци во Нигерија и оттогаш ги прошири своите операции во Камерун, Нигер и Чад.
Џихадистичката групација, која се заколна на верност на Исламска држава, убила над 20 илјади лица и протерала од своите домови 2,8 милиони во западна Африка, според податоците на Обединетите нации и Амнести интернешнл.