Војската на Азербејџан нападна воена единица на ерменска територија

Од:

Вооружените сили на Азербејџан нападнаа воена единица во ерменскиот град Варденис, изјави портпаролката на ерменското Министерство за одбрана, Шушан Степањан, најавувајќи „соодветен одговор“.

– Војската на Азербејџан отвори оган врз воена единица во Варденис, а исто така ја вклучи и авијацијата против овие позиции, напиша Степањан на својот Фејсбук профил.

Таа нагласи дека на операцијата и претходеле, како што наведе, „дезинформации на азербејџанското Министерство за одбрана дека наводно ерменската армија од реонот Варденис го гранатирала реонот Дашкасан во Азербејџан“.

– Очекувајте жесток одговор, истакна Степањан.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Аркрун Ованисјан изјави дека азербејџанската војска при нападот на ерменскиот град Варденис не гаѓала само воени единици, туку и цивили, но за среќа нема жртви.

Би можело да ве интересира

Алиев: Русија да ја признае вината за авионската несреќа, да ги казни виновниците и да плати отштета

Горан Наумовски

Песков: Путин и Алиев продолжија да разговараат за соборувањето на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Горан Наумовски

Алиев: Уривањето на азербејџанскиот авион во Казахстан не беше терористички чин

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“