Припадник на војската на Северна Кореја утрово ја преминал границата со силно обезбедување и дезертирал во Јужна Кореја, соопшти војската на Јужна Кореја.
Јужнокорејските војници го однеле дезертерот на безбедна локација.
Јужнокорејската војска посочи дека не е забележана никаква невообичаена активност на севернокорејските трупи во областа од каде побегнал војникот.
Тоа се случи во време кога двете Кореи работат на имплементација на воениот договор што го постигнаа во септември.