Војници на Мали, Франција и Нигер влегоа во градот Бурем

Од:

Војници на Мали, Франција и Нигер влегоа денеска во градот Бурем, во северниот дел на Мали меѓу градовите Гао и Кидал.

Воените единици од трите земји не се соочиле со поголеми тешкотии при навлегувањето во населеното место, каде биле пречекани со радости од локалното население.

Според податоците на безбедносните сили во моментот главните сили на екстремистите, меѓу кои водачите на групите, се кријат на Север во реоните на Кидел и Тесалит, како и во областа Ифогас, на границата со Алжир.

Францускиот весник „Журнал ди диманш“ објави дека во реонот на североисточниот град Гао француските војски конфискувале над два тони експлозив и појаси со експлозив за самоубиствени напади. Во реонот на Гао се откриени и центри за обука на терористи, воени школи и упатства за изработка на бомби на арапски јазик.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска