Украинскиот претседател Петро Порошенко нареди распоредување на војската во близина на Крим и Донбас и прогласи највисок степен на узбуна, пренесоа руските медиуми.
-Одржав состонок со првите луѓе на одбраната како и со Министерството за надворешни работи. Наредив да се распоредат сите воени единици во близина на административната граница со Крим и со Донбас, а воведов и највисок степен на узбуна, напиша украинскиот претседател на Твитер.
Во посебно обраќање, портпаролот на украинскиот Генералштаб, изјави дека Украина од среда почнува со воени вежби.
Претходно, портпаролот на украинските погранични служби Олег Слободијан предупреди дека Русија “во последните денови пратила нови, модерно опремени војници на границата помеѓу Украина и Крим.
-Можеме да потврдиме дека Русија постоечките трупи на границата ги замени со нови, современо опремени, рече Слободијан на брифинг во време кога растат тензиите помеѓу Москва и Киев.
Реакцијата на Русија дојде откако руската разузнавачка служба вчера објави дека “терористи со поддршка на Киев биле фатени во обид да предизвикаат напади на Крим.
-Украина се впушти во глупав и злосторнички потфат. Русија на Крим ќе ги преземе сите мерки на сигурност, рече Путин.