Воениот суд во Тајланд го казни 58 годишниот бизнисмен Тиенсутам Сутиџицерани со 25-годишна затворска казна, поради навреда на монархијата.
Осудениот минатата година на својот фејсбук постирал пет фотографии за кои обвинителството и судот сметале дека се навредливи, а за секоја фотографија бизнисменот добил по 10 години затвор. Бидејки признал дека се смета за виновен, казната му е преполовена, но сепак ова е една од најстрогите пресуди донесени во Тајланд каде што членовите на кралското семејство од критики и навреди се заштитени со посебен закон.
Судењето беше одржано зад затворени врати, а како и другите случаи, по воениот удар од мај минатата година за навреда на кралското семејство за вината одлучува воен суд.
Веднаш по објавувањето на пресудата групи за заштита на човековите права оценија дека тоа е драконска мерка без преседан, додавајќи дека за навреда на кралското семејство на пресуда чекаат уште 20 обвинети.