Воениот комитет на НАТО препорача Алијансата да се приклучи кон меѓународната коалиција против „Исламска држава”, пренесува БТА.
– Сега дискутираме за тоа дали НАТО ќе стане член на оваа коалиција. Одлуката треба да биде донесена на самитот на Алијансата на 25 мај во Брисел, изјави на прес-конференција, по состанокот на началниците на одбрана на 28-те членки на НАТО, претседателот на Воениот комитет, генерал Петар Павел.
– Наша препорака е НАТО да стане член на оваа коалиција, истакна генерал Павел. Тој рече дека началниците на одбраната се согласуваат дека НАТО може и треба да направи повеќе за зголемување на способноста на Ирак и други земји, кои се борат против ИД, да можат подобро да се бранат.
Земјите од НАТО не сакаат Алијансата да учествува во активни борбени дејства против „Исламска држава”, иако сите се индивидуални членови на антиџихадистичката коалиција, забележуваат западните агенции.