Воениот брод на САД останува во Црно Море и покрај критиките на Москва

Од:

САД ќе го одржат своето присуство во Црно Море и покрај предупредувањата од Русија дека американскиот воен брод што патролира во областа ја загрозува регионалната безбедност, изјави секретарот на американската морнарица Реј Мабус.

Воениот брод на САД вплови во Црно Море во текот на месецот и предизвика остри критики од Москва.

– Ќе бидеме присутни за да спречиме потенцијална агресија – истакна Мабус по критиките од Русија на одлуката на НАТО за постојано воено присуство во Црно Море.

Претставник на руското Министерство за одбрана изјави дека „постојаното воено присуство ќе го дестабилизира регионот бидејќи тоа не е море на НАТО“.

Турција и Романија очекуваат на самитот на НАТО во Варшава идниот месец да биде одлучено да се зголеми присуството на воените сили на Алијансата во Црно Море.

– Друг американски брод вчера вплови во Медитеранот. Обврска на американската морнарица е да спречи агресија и да обезбеди проодност на морските патишта – посочи Мабус.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД