Околу 100 илјади војници почнаа 10-дневни воени вежби во Венецуела за кои претседателот на државата Николас Мадуро вели дека се потребни за да се заштити земјата од заканите од САД.
Вежбите ќе бидат одржани на неколку локации во Венецуела.
Американскиот претседател Барак Обама изминатата недела воведе нови санкции за седум венецуелски официјални лица кои, како што тврдат САД кршеле човекови права, прогонувале политички противници и биле вклучени во корупциски зделки.
Тензиите меѓу САД и Венецуела се во пораст. Минатата недела Венецуела побара од САД во рок од 14 дена да го намалат својот дипломатски персонал додека САД ги критикуваа заради нивната антиамериканска реторика.