Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија тврди: Нападот врз Арамко е извршен со иранско оружје

Од:

Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, што се бори против движењето Хути во Јемен, објави дека нападот врз саудиските нафтени посторојки е извршен со иранско оружје и не потекнува од Јемен.

Тоа се резултатите од прелиминарната истрага објавена од портпаролот на коалицијата, Турки ел Малки, на прес-конференција во Ријад.

Тој рече дека истрагата за нападот, за кој одговорност презедоа Хутите, се уште трае, и дека властите се обидуваат да утврдат од каде е извршен нападот.

Два дена по нападот врз нафтените постројки на „Сауди Арамко“, светските економски и политички лидери разговараат за импликациите за несигурниот нафтен пазар и како ќе се развива ситуацијата откако САД тврдат дека Иран стои зад нападот, а не Хутите кои презедоа одговорност.

САД објавија сателитски слики, како и тврдења од разузнавачки извори дека Иран е виновен за напади врз саудиските нафтени постројки, јави Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов објави Си-Ен-Ен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвава Нова година во Њу Орлеанс: со автомобил влета во толпа луѓе, има мртви

Катерина Ѓуровски

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол