Воената хунта во Тајланд подготвува терен да остане на власт уште две години

Од:

Воената хунта во Тајланд, која ја презеде власта во државата со пуч во мај минатата година, според проценките на локалните аналитичари, се подготвува да остане на власт уште две, а не уште една година, како што до сега се најавуваше.

Повод за ваквите најави се несогласувањата во Националниот Совет за Реформи, кој е задолжен да го подготви нацретот на новиот устав на Тајланд, што се поврзани со дилемите околу избор на цивилен премиер, составот на Сенатот и воведување на делумно пропорционален изборен систем. Нерешавањето на овие прашања во предлоот на новиот устав на Тајланд ќе доведе до одлагање на неговото усвојување, прво во Советот за реформи, а потоа и на планираниот референдум за мај иднта година.

Иако јавно се изјаснува дека не е заинтересиран за останување на власт, сегашниот преоден премиер, генералот Прајут Кан-ока вчера со многу пофални зборови ја оцени анкетата според која граѓаните на Тајланд повеќе сакаат хнтата да ги досреди работите во државата, отколу да се пемине на избор на цивилни власти. Анкетата била спроведувана 4 месеци, со над 65.000 испитаници, а резултатите беа соопштени на крајот на минатата недела.

Армискиот врв на Тајланд не крие дека покрај враќањето на редот и мирот во државата како примарна вредност на политиката ја има заштитата на традиционалните вредности и зачувувањето на угледот на кралското семејство. Тоа значи дека тие, како ројалисти што сега имаат целосна контрола над политичката ситуација, ќе преземат уште многу чекори за елиминирање на влијанието на политичките струи кои бараат намалување на привелегиите на монархот. Првите значајни чекори на овој план се направени со донесувањето на пресуди за забрана на политичко делување на припадниците на кланот Шинаватра и голем број поранешни министри и директори на национални и провиниски јавни сужби и агенции во наредните пет години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач