Новата воена диктатура на Тајланд почна да добива темен тон, како да навестува дека лошото допрва доаѓа. Се затвораат членови на политичката класа, се затвораат медиуми и се назначуваат луѓе во униформи како раководители на владини министерства. Гранциите се затворени, и функцинираат по принципот „ исклучи-вклучи“. На најмалку 155 луѓе, меѓу кои има политичари и граѓански активсти, им е забрането да ја напуштаат земјата. На 24 мај, хунтата го распушти сенатот (горниот дом во парламентот) и ја презема целата контрола врз земјата. за многу кратко време, сета власт е во рацете на Националниот совет за одржување на редот и мирот (Нпомц), кој го предводи генералот Прајут Чан-оча. Следното нешто кое најверојатно ќе го видиме е влада полна со луѓе во зелено, или луѓе кои си ги светкаат чизмите.
Третиот ден од новиот режим, од кралската палата дојде писмо со кое се признава едно друго писмо, потпишано од Прајут, во кое тој го информира кралот за превратот. Од секогаш, кралскиот двор ги подржува повеќето преврати. Оние пак кои не добиле одобрение од кралот, како што беше првоаприлскиот преврат во 1978, пропаднаа. Сеуште не е јасно колку е ентузијастички Кралот Бумибол Адулџаџеј настроен кон овој дванаесетти државен преврат во текот на неговото 64- годишно владеење.
Дузина политичари и лидери се притворени во касарните. Највисоко позициониран затвореник е Јунглук Шинаватра, до неодамна премиер и најмладата сестра на Таксин Шинаватра, поранешниот премиер кој беше сменет во преврат во 2006 година. Портпарол на војската рече дека немале намера да ја задржат г-ѓица Јанглук, која ја држат во касарна надвор од Бангкок повеќе од една недела.
Јанглук и нејзиното семејство станаа главниот влог за раскусурување на хунтата во смелиот обид да ги истераат Шинаватра од политиката, еднаш и засекогаш. Во домовите на семејството се извршени рации. Синот на Таксин бил уапсен на 24 мај, беше задржан цела вечер и ослободен следното утро. Самиот Таксин, кој е тајкун во телекомуникациите кој стана политичар, прерасна во изборен џин преку популистичките политики кои ги воведе во 2001 година. На три изобрни циклуси, неговата партија победуваше секогаш кога ќе им беше дозволено да учествуваат. Кога ќе им беше забрането, тој формирапе нова партија под друго име. Изгледа дека не постои закана по доминацијата на неговата партија на гласачките места, освен ако не биде уништена на сила, или ако самата демократија не биде сведена на нула. Роберт Амстердам, адвокатот на Таксин, рече дека Јанглук и другите лидери ќе оформат влада во егзил.
Нпомц испрати покани до 35 интелектуалци и граѓански активисти, и ги повика да се јават во војската. Хунтата основа специјална единица за да ги следи социјалните медиуми. Испрата беше покана и до Правит Роџанапрук, познат новинар и политички коментатор. Правит, кој беше исто така жесток критичар на Таксин, напиша порака на Твитер пред да замине во воената база во Бангкок: „На пат сум да се сртенам со новиот диктатор на Тајланд. Се надевам и последниот“. Тајландските медиуми беа повикани да се пријават во армијата во 2 часот попладне на 25 мај, за да дискутираат за постпревратното извесување. Некои странски веб страни се исто така блокирани: меѓу првите се Би-Би-Си, Си-Ен-Ен, и Хјуман рајтс воч. А хунтата го поништи уставот на Тајланд, документ кој неговиот претходник го напиша по последниот преврат. Единствениот член од уставот кој е во функција е оној кој се однеува на монархијата.
Во многу аспекти, ова наликува на класичен преврат. Ако е тоа некаков индикатор, тогаш генералите кои се на функција катастрофално ќе изгубат. И во постигнувањето на нивните цели, кои се сеуште конфузни, и во зацртувањето на курсот за земјата да излезе од економска стагнација и од социјалната пропаст. Но сеуште постои надежта дека демократското мнозинство на народот на Таланд ќе си избере своја влада многу скоро, што сега изгледа невозможно.
Граѓаните гледаат дека Тајланд е без власт во поголемиот дел од својата историја. Дури и кога има власт, владеењето на правото е само декларативно. Најверојатно народот нема да се согласи со новите правила на кои им недостига легитимност. Некои одговорија на наредбите со одбивност. Павин Чачавалпонгпун, академикот кој е на листата на поканети кај војската, рече дека ќе ја испрати својата миленичка чивава да се јави пред хунтата.
Мала група од демонстранти против превратот се собраа во престолнината и носеа транспаренти на кои пишувашпе „Демократијата секогаш е абортирана. Кога пак ќе се роди?“ и онакви помалку љубезни: „Фак д.куп“. Исто така, низ целата имаше протести. Пред Споменикот на победата во Бангкок, обелискот во спомен на победниците во кратката француско-тајландска војна од 1941 година, митингот против превратот заврши со насилства помеѓу демонстрантите и воената полиција. Пред споменикот повеќето демонстранти беа студенти, а не вообичаените подржувачи на Шинаватра кои се во црвени маици. Во неделата на 25-ти утрината, беа размесетни воени единици во централната шопинг област во Бангкок, најверојатно за да се спречат нови протести против превратот.
Генералите наскоро најверојатно ќе забележат две нешта: прво, дека нема да можат да раководат со земјата, освен ако не се подготвени да користат сила; и второ, зад ѕидовите на касарните, уште од 2006 година Тајланд преживува драстична трансформација. Земјата излезе од состојбата на рурално земјоделско општество со своите социјални односи дефинирани преку хиерархиски односно патерналистички односи. Секоја година се повеќе таа наликува на модерна држава чии граѓани и социјални организации си ги бараат своите интереси. Социјалните промени за кои требаа стотици години за да се појават во европската историја, на Тајланд им требаа само половина век. Тоа е помалку време отколку просечната возраст на генералите кои се обидуваат да го заживеат тајландскиот бренд на авторитарност кој се смета дека им соодветствува на сиромашните соседи на кралството: Камбоџа, Лаос и Мјанмар.
Кога стана јасно дека традиционалните елити на Тајланд во 1973 година не знаат како да ја раководат земјата – годината кога азиската финансиска криза го сопре тајландското економско чудо – јавноста почна да бара поголема власт и свое поголемо учество. Излезе дека Таксин е во позиција да служи како нејзин двигател. Како амбициозен олигарх кој дојде на власт во 2001, тој изгради политичка машина која функцуонира на едноставен принцип: дознајте што луѓето сакаат, и дајте им го тоа. Тој соработуваше и не беше безмилосен, и знаеше кога да скокне во вагонот во движење.
Ова е движечката сила со која треба да се справат генералите: тоа не е Таксин, туку драматичното менување на земјата која тврдоглаво го донесе него на власт.
Генералот Прајут не изгледа како властодржец кој ќе ги реорганизра тајландското политика и општество. Тој повеќе изгледа како војник на кого му е преку глава од справување со безнадежни политичари, а потоа притиснат од неговите стари ројалистички наредбодавци ќе тргне да ја извршува нивната валкана работа, и да ја уништува изборната демократија.
Постојат бројни конкурентски објаснувања за сегашниот конфликт во Тајланд и како се случи доаѓање на уште еден нов воен режим. Различни анализи укажуваат на доаѓање на следен наследник во кралското семејство, на лични ривалства, големи бизнис зделки, на корупција, злоупотреба на власта, или на појавата на „урбани селани“ како избирачка база.
Секое од овие објаснувања не оставаат со исто прашање за блиската иднина на земјата. Дали старите елити ќе продолжат да раководат со земјата? Ова води до друго прашање во врска со армијата на Тајланд. Не е прашањето дали ќе ги сменуваат владите и ќе назначуваат свои луѓе, туку како ќе го прават тоа: сурово, со ослободување на секаков вид на хорори кои ќе ја уназад земјата за многу години, или со компромис и преговарање?