Водостојот на реките и во најзагрозените делови на Чешка се намалува

Од:

Чешка, веќе петти ден се соочува со поплавите поради поројните дождови и според последните податоци, нивото на реките во најзагрозениот северен и северозападен дел на земјата престана да се зголемува.

Водостојот на реката Елба во месноста Усти над Лаба и во Дечин почнал постепено да се намалува, јави дописникот на МИА од Прага.

Трет степен на екстремна опасност од поплави се уште е во сила само во една област, во градот Мелник, кој се наоѓа 45 км северно од чешката метропола, во историската покраина Бохемија.

Поради опасност од надојдената вода во регионот се евакуирани околу 11.000 лица и 7.500 домаќинства се без електрична енергија.

Во целата Република, надвор од своите домови се уште се над 20.000 луѓе, а не функционираат 127 патни правци.

Во најзагрозените делови сообраќаат возови. Во чешката метропола ситуацијата се нормализира и од денеска во функција се сите три линии на подземната железница, иако неколкуметро станици во близина на реката Влтава се уште се затворени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски