Во Ватикан денеска ќе се одржи церемонија на устоличување на 266-от поглавар на Римокатоличката црква, папата Франциск, на која ќе присуствуваат бројни црковни и државни делегации.
Лидерот на 1,2 милијарди католици, првиот папа језуит, ќе биде свечено устоличен на Плоштадот Свети Петар, а градските власти очекуваат дека настанот ќе го следат речиси милион луѓе.
На инаугурацијата на папата Франциск, наследникот на Бенедикт Шеснаесетти, кој го напушти понтификатот последниот ден од февруари, ќе присуствуваат претставници на 180 држави меѓу кои потпретседателот на САД Џозеф Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд, претседателката на Бразил Дилма Русеф, претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо и многу други.