(ВИДЕО) Путин: Русија е отворена за дијалог за безбедносните прашања во светот

Од:

Русија сфаќа колку сериозни се новите закани во светот, зад кои се исцртуваат старите контури на нетрпеливост и претензии за ексклузивност, и е подготвена за дијалог за безбедносните прашања, изјави рускиот претседател Владимир Путин на парадата на Црвениот плоштад во Москва по повод 73-годишнината од победата над нацистичка Германија.

– Ние се сеќаваме на трагедиите на двете светски војни, лекциите од историјата и тие не ни дозволуваат да ги затвориме очите, истакна Путин.

Тој им го честиташе денот на победата на граѓаните на Русија, на војниците и офицерите, изјавувајќи дека тоа е свет празник за цела земја, празник на општонационална гордост.

– Пред 73 години заврши Големата татковинска војна, нацизмот е скршен, уништени се плановите за светска доминација. Таа толку очекувана реченица веднаш го заобиколи светот и сите сфатија дека токму Советскиот сојуз ја одигра пресудната улога , нашиот војник ја заштити честа на својата земја, изјави Путин на почетокот на Воената парада.

– Но сега се обидуваат тоа да го прецртаат, да ја ревидираат историјата. Ние тоа никогаш нема да го дозволиме. Секогаш ќе се гордееме што советскиот народ не се откажа. Нашиот народ се бореше на живот и смрт. Со ништо не може да се измери храброста на нашите војници, истакна Путин.

На воената парада учествуваше и рускиот министер за одбрана, генерал Сергеј Шојгу, а со парадата командуваше главниот командант на копнената војска генерал-полковник Олег Саљуков.

На Воената парада на Црвениот плоштад учествуваа повеќе од 13 илјади војници, воена техника и авијација од сите видови и родови на војската на оружените сили на Руската федерација, како и други единици.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски