Во железничка несреќа во Словачка повредени 74 лица

Од:

Во железничка несреќа во Словачка, што се случи синоќа во близина на општината Стречно, повредени се 74 лица, соопшти полицијата во текот на ноќта на социјалните мрежи.

Несреќата се случила кога воз со стотина патници во близина на Стречно, на северозападот од земјата, застанал поради дефект и потоа бил удрен од локомотива која му пришла на помош.

Како што пренесуваат словачките медиуми, полицијата преку објава на социјалните мрежи соопшти дека се истражува причината за несреќата, наведувајќи дека полесно се повредени 59 лица, 11 се здобиле со средно тешки повреди, а четворица се потешко повредени. Во блиските бо лници се префрлени 34 лица.

Полицијата ги повика возачите да ја избегнуваат близината на местото на несреќата, кое е блиску до важен железнички јазол, каде линиите од внатрешноста до Братислава се среќаваат со оние до соседна Чешка.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина