Најмалку 50 лица загинаа, а околу 90 се повредени во бунт во затворот „Урибана“ во Баркисименто, североисточна Венецуела.
Министерот за затвори Ирис Варела изјави дека група затвореници ги нападнала припадниците на Националната гарда кои се обиделе да извршат инспекција во затворот.
Меѓу загинатите има затвореници и чувари.