Во затвори ширум светот се наоѓаат вкупно 262 новинари

Од:

Бројот на новинари што се наоѓаат во затвор втора година по ред е на рекордно ниво, соопшти синоќа Комитетот за заштита на новинарите.

Спорд податоците на Комитетот, чие седиште е во Њујорк, на 1 декември во затвор ширум светот поради извршување на своите работни обврски се наоѓале 262 новинари. Лани на истиот датум зад решетки били 259 новинари.

Најголем број новинари, вкупно 72, се наоѓаат во затворите во Турција, а по неа следат Кина со лишени од слобода 41 новинар и Египет со 20. Натаму следува Еритреја со 15 новинари зад решетки, пред Азербејџан и Виетнам со по 10.

Според извештајот, во 74 отсто случаи новинарите се осудени под обвинение за „антидржавни активности“ врз основа на „произволното толкување на важечките закони за борба против тероризмот“.

Би можело да ве интересира

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

ЗНМ: Осуда за попречување на новинарската работа на екипата на КЛАН телевизија

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите