Вооружени лица денеска ја застрелаа ТВ-водителката Малала Маиванд во источен Авганистан, соопштија властите.
– Напаѓачите, рано утрово, отворија оган кон автомобилот на Малала Маиванд, кратко откако таа излегла од куќа во источната провинција Нангархар, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата, Аталах Когиани.
Никој не презеде одговорност за убиството, но огранок на терористичката Исламска држава со седиште во источен Авганистан ја презеде одговорноста за последните напади врз цивили во Авганистан. Талибанците се активни и во оваа област.
Покрај работата како ТВ и радио водителка, Мајнвад беше и активистка, која се залагаше за правата на авганистанските жени и деца.