Во Виена нова рунда преговори за иранското нуклеарно прашање

Од:

Иран и шестте светски сили почнаа денеска нова рунда преговори во Виена со цел да се постигне договот за иранските нуклеарни активности до крајот на јули.

По тримесечна обемна расправа, двете страни планираат во новата рунда преговори од 14 до 16 мај да пристапат кон изработка на текст за конечен договор кој би можел да стави „точка“ на годините непријателства и недоверба.

Во новата рунда се очекува претставници на Иран со САД, Франција, Русија, Велика Британија, Кина и Германија да постигнат согласност бидејќи остана нешто помалку од два месеца пред 20 јули, кој е означен како краен рок за договор.

Во Женева лани Иран се договори да замрзне одредени свои активности на шест месеци, во замена за олеснување на меѓународните санкции, а тој договор истекува на 20 јули.

Би можело да ве интересира

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Израел се подготвува да го нападне Иран