Во Виена мировна конференција за Сирија и Либија

Од:

Шефовите на дипломатиите на повеќе од 20 земји ќе се состанат денеска и утре во Виена за да разговараат за начините за решавање на кризите во Сирија и Либија, но и за Нагорно Карабах.

На конференцијата во Виена своите колеги ги поканија шефот на американската дипломатија Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сегерј Лавров, а меѓу учесниците ќе бидат и шефовите на дипломатиите на регионалните сили, Иран и Саудиска Арабија.

За денеска е планирано прво да биде одржан разговор за Либија, во текот на кој ќе биде разгледана меѓународната поддршка за новата влада на народно единство, која во Виена ќе ја преставува премиерот Фајер Серај.

Водечката посредничка улога во овие преговори ќе ја има шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилиони.

Во вторник на дневен ред на состанокот во Виена ќе бидат примирјето во Сирија и политичкото решение на конфликтот.

Ќе се разговара и за можностите за овозможување пристап на хуманитарните работници до населението.

Претставниците на сириската Влада и противниците на режимот се повикани на конфренцијата.

Освен кризите во Сирија и Либија на состанокот ќе се разговара и за конфликтот на Кавказ околу регионот Нагорно Карабах.

На состанокот со претседателот на Ерменија, Серж Саркисјан и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев, ќе учествуваат Русија и Франција во улога на посредници за решавање на спорот.

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија