Властите во Венецуела ослободија поголем дел од 243-те студенти, уапсени за време на полициска акција врз улични шатори, поставени во знак на протест против претседателот Николас Мадуро.
Во Каракас минатата недела беа растурени четири кампови, во кои студентите минаа неколку недели.
Вчера беа ослободени 155 уапсени студенти. Петнасесет од нив треба да заминат на лекување од зависност од наркотици.