Во Велика Британија рестрикции во водоснабдувањето поради сушата

Од:

Британската водоводна компанија „Јоркшир вотер“ денеска најави воведување на одредени рестрикции од 26 август. Причината е што делови на северна Англија имале најмалку врнежи откако почнале да се евидентираат, пред повеќе од 130 години.

„Екстремно топлото и суво време предизвика реките во Јоркшир да исчезнуваат и нашите резервоари да бидат околу 20 отсто пониски, отколку што би очекувале за овој период од годината“, соопштија од компанијата.

Уште неколку водоводни компании веќе најавија ограничувања во користењето вода.

Забраната за користење црева за наводнување и прскалици за корисниците на компанијата „Саут ист вотер“ ќе стапи во сила денеска, а ограничувања планира и „Темза вотер“, што снабдува 15 милиони луѓе низ Лондон.

Претходно неделава, британскиот министер за животна средина Џорџ Јустис ги повика компаниите за водоснабдување да преземат мерки на претпазливост, со цел да се заштити снабдувањето со вода и да се справат со последиците од продолжената суша, бидејќи се предвидува уште еден топлотен бран во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Шпанија годинава очекува рекордни загуби во земјоделството

Горан Наумовски

Сушата во Италија откри столбови на древен мост на реката Тибар

Пресушува втората по големина акумулација во САД

Горан Наумовски

Поради сушата португалската Влада е во план да ја зголеми цената на водата

А1он

Половина од територијата на Кина е погодена од суша

А1он