Шпанија годинава очекува рекордни загуби во земјоделството

Од:

Климатските непогоди нанесоа голема штета на шпанското земјоделство, која најверојатно ќе достигне рекордно ниво во текот на годината, изјави денеска портпаролката на шпанската Влада Изабел Родригез.

Во периодот од јануари до октомври, штетата изнесува 684 милиони евра, изјави портпаролката Родригез.

Со природни непогоди како што се поплавите предизвикани од обилните врнежи на брегот на Медитеранот во последните недели, конечниот износ на штетите во 2022 година најверојатно ќе ја надмине минатогодишната сума од над 720 милиони евра, додаде Родригез.

Напролет овошните насади беа опустошени од доцниот мраз, а во летниот период посевите беа оштетени од суша.

Би можело да ве интересира

Шпанската полиција заплени 4,5 тони кокаин кај Канарските Острови

Ана Ололовска

Убиство на црковно лице со мачета во Шпанија, злосторството се истражува како можен терористички акт

Шпанската полиција уапси лице осомничено за минатогодишните инциденти со испратени писма-бомби

А1он

Во Шпанија од почетокот на годината убиени шест жени

Шпанските десничари побараа оставка на премиерот Санчез

ВИДЕО: Во Шпанија уапсена банда која експлоатирала украински бегалци

Горан Наумовски