Сушата во Италија откри столбови на древен мост на реката Тибар

Од:

Сушата во Италија, која е најлоша во последните 70 години, откри столбови на древен мост на реката Тибар, кој некогаш го користеле римските императори.

Два столба на мостот Нерон беа видливи поголемиот дел од летото во близина на мостот Виторио Емануеле.

Мостот е изграден во првиот век за царот Нерон да стигне до своите градини во близина на ридот Јаникулум, во близина на денешниот плоштад Свети Петар, изјави историчарот Ентони Мајанлахти.

Мостот се распаднал во третиот век, а сообраќајот бил пренасочен кон блискиот мост Свети Ангело.

Се верува дека мостот на Нерон првично имал четири столбови, но Мајанлахти вели дека две биле демонтирани во 19 век за да се овозможи подобар проток на речниот сообраќај.

– Бидејќи нивото на водата на реката сега е толку ниско поради сушата низ Италија, можеме да видиме многу повеќе столбови на мостот отколку што вообичаено би можеле“, рече Мајанлахти.

Италијанската Влада прогласи вонредна состојба во неколку региони поради долготрајната суша и топлотниот бран.

Сушата откри и резервоар од Втората светска војна во најголемата река во Италија,

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски