Во Уругвај запленет еден тон кокаин

Од:

Министерството за внатрешни работи на Уругвај соопшти дека заплени еден тон кокаин. Дрогата распоредена во 817 пакети била пронајдена во Парке дел Плата, летувалиште во јужниот дел на земјата, околу 55 километри источно од Монтевидео.

Полицијата уапси тројца шверцери на дрога.

Заплената на кокаина во Уругвај, кој не е производител на кокаин, станаа се почести во последните години.

Германската полиција во петокот соопшти дека запленила рекордни 4,5 тони кокаин од брод кој пристигнал од Уругвај.

Италијанецот Роко Морабито, познат како „Крал на кокаинот“ уапсен е во Уругвај во 2017 година, но кон крајот на јуни побегна од затвор во Монтевидео и се уште е во бегство.

Би можело да ве интересира

Голема количина на кокаин заплени полицијата во близина на Неапол

Истрага против дилер на кокаин во Штип

Познат белгиски фудбалер е уапсен за шверц на кокаин од Јужна Америка

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски