Во урнатините по експлозијата во Прага нема жртви

Од:

При отстранувањето на урнатините, по вчерашната експлозија во една зграда во центарот на Прага, во кое учествуваа и специјални кучиња-спасувачи не се најдени потенцијални жртви, информираа од пожарникарската служба.

-Расчистувањето продолжува и по целовечерната работа во која вклучивме и багер, изјави портпаролката на пожарникарите, Павлина Адамцова.

Според Адамцова, како што пренесе дописникот на МИА од чешката метропола, не може да се предвиди траењето на активноста, но се претпоставува дека ќе трае и денеска. Околината на местото, каде во вчерашните утрински часови се случи експлозија, во која беа повредени 43 лица, од кои две потешко, а над 200 беа евакуирани, се уште е затворена и обезбедувана од полицијата.

Македонската амбасада во Прага информираше дека нема повредени македонски државјани.

Според официјални извори, причината за несреќата која се случи во историскиот центар на градот, во близина на Филмската академија за сценски уметности и познатата кафеана „Славија” е експлозија на гас како последица на дефект во гасоводната мрежа.

Чешкиот премиер Петр Нечас, кој лично се вклучи во анализирањето на резултатите од истрагата, повикувајќи се на безбедносни извори негираше дека се работи за терористички напад.

Според бројот на повредени, ова е најголемата несреќа од такви размери во Чешка, а според првичните проценки од осигурителната компанија, констатирана е материјална штета од околу 400.000 евра. Констатирано е оштетување и поместување на носечкиот ѕид на зградата каде на вториот кат се случила експлозијата без влијание на статиката на околните објекти.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница