Во Унгарија уништени над 100.000 патки поради птичји грип

Од:

Повеќе од 100.000 патки се уништени во една живинарска фарма во Фузешѓармат, во источниот дел на Унгарија, каде минатата недела бил идентификуван тип на птичји грип, кој наводно е опасен за луѓето.

Главниот ветеринар на Унгарија, Лајош Богнар потврди дека „цел контигент на патки“ во фармата е елиминиран и оти не се пронајдени други случаи на инфекција во регионот, како и дека е воведена 30-дневна забрана за испорака на живина од овој реон.

– Патките се уништени бидејќи вирусот на птичји грип Х5Н8, кој е откриен во Фузешѓармат би можел да биде опасен за луѓето, предупреди Богнар.

Според него, оваа фарма ќе добие државна отштета по завршување на правната процедура.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија